Совет од експертите: Што може да ве спаси ако лифтот почне да паѓа

Научниците и експертите се обидуваат да дадат одговор на ова прашање. Може да се каже дека на многумина им е веќе позната установената препорака, дека ако се најдеме во лифт кој ќе се откачи, би требало да скокнеме во мометот, непосредно пред неговата конечна средба со земјата. Со тоа, наводно, би се намалиле притисокот кој ударот ќе го рефлектира на телото.

Меѓутоа, се поставува прашањето: Како да го погодиме точниот момент кога лифотот ќе ја допре земјата? И второ: Дури и ако успееме да го „фатиме“ моментот при слободен пад, ќе ја намалиме брзина само за 3 километри на час, што е сепак недоволно да си го спасиме животот.

Втора околност која секако не ни оди во прилог е фактот дека можеме сериозно да се повредиме доколку со главата удриме во горниот дел од лифотот при падот. Тој удар би бил под влијание на притисокот на нашата сопствена тежина, која е 10 пати поголема од нашето тело, а која ќе се рефлектира на нашите нозе во моментот на ударот.

ЗНачи, ни во еден ни во друг случај не би преживеале.

Според истражувањето на научниците од МИТ центарот од Бидемедицинскиот инженеринг, за да ги зголемиме можностите за преживување на пад на лифт, би требало да легнеме на под, на средината на лифотот, затоа што така рамномерно ќе ја распоредиме тежината на телото, а силата на ударот рамномерно ќе се распореди на површината на телото.

Исто така, како што советуваат научниците, никако не треба да заборавиме да ја покриемата главата со рацете, затоа што врз неа ќе се срушат делови од уништениот лифт.

Дали сте слушнале за Бети Лоу Оливер?

Таа работела како оператер на лифтови во Емпајер Стејт Билдинг држејќи светски рекорд во преживување на пад на лифт.

Имено, оваа операторка паднала од 79 спрат, а она што ја спасило било кабел долг 304 метри, кој паднал пред неа и го ублажил нејзиниот пад.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.01.2020 - 11:44

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега