Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ: Шилегов го претвори Скопје во затворен лонец со смог

Советничката група на ВМРО-ДПМНЕ на Град Скопје го обвини градоначалникот на Скопје, Петре Шилегов дека за три години нема направено ништо да го намали загадувањето.

„Петре Шилегов го претвори Скопје во затворен лонец со смог, во кој граѓаните бавно се трујат. Три години како градоначалник не направи ништо да го намали загадувањето, напротив, тоа е зголемено.

Концентрацијата на ПМ 10 честички во воздухот, кои се канцерогени секоја вечер е од 5 – 6 пати над максимално дозволената граница.

Неспособноста на Шилегов се гледа и од фактот што ги скрати автобуските линии во ек на КОВИД, па граѓаните треба повеќе да ги користат своите автомобили, а оние кои се возат со градскиот превоз, ќе треба да седат во преполни автобуси. И едното и другото е штетно, ваква комбинација може да се случи само ако Шилегов ја смислува.

Ништо од ветувањата на Шилегов за чист воздух. Тоа го нотира и ЕК, која во извештајот јасно посочува дека иако во Македонија централната и локалната власт се во рацете на една партија, што процесот на соработка треба да го забрза, тоа на терен не е така, а пример е неспособноста и незнаењето да се справат со загадувањето.

Затоа немаме никаков напредок на полето на справување со загадувањето и зачувување на животната средина, работи кои што мора да ги подобриме доколку сакаме да бидеме дел од ЕУ.“, соопштија од советничката група на ВМРО-ДПМНЕ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

12.11.2020 - 20:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега