Советник на СДСМ заразен со коронавирус: Неточно е дека не сум ги почитувал мерките за носење заштитна маска и одржување на растојание

Советникот на СДСМ во општина Ѓорче Петров, Влатко Цветковски на својот Фејсбук профил соопшти дека е позитивен на вирусот Ковид-19, но ги негираше обвинувањата дека имал симптоми за време на седницата на општината.

„Целосно дематирам  дека сум имал симптоми и свесно сум ги донел другите советници, вработените во општинската администрација, граѓаните и медиумите кои го пренесуваа настанот во опасност. Станува збор за апсолутна невистина.

Точно е дека сум ПОЗИТИВЕН на вирусот Ковид 19. И покрај тоа се  чувствувам добро и немам никакви симптоми.

Тестирањето го направив приватно во Институт за Јавно Здравје во средата наутро  на 14.10.2020 а резултатите ги добив усно истиот ден вечерта во 21,30часот. Единствена  причина за тестирање беа консултација со матичен доктор во вторникот попладне бидејки дознав дека сум имал контакт на отворено со позитивен а имам историја на хроничен бронхит. За да не дојде до несакано влошување на моето здравје, но и поради загрозување на здравјето на моите најблиски и околината, самоиницативно се  тестирав и тестирањето го извршив приватно“, вели тој во демантот.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2020 - 21:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега