Советот на Европа: Ни треба нов хашки суд за да им суди на руските и на белоруските лидери

 

Парламентарното собрание на Советот на Европа (ПССЕ) едногласно побара формирање специјален меѓународен кривичен суд во Хаг за кривично гонење на руските и на белоруските политички и воени лидери, кои „ја планирале, подготвувале, иницирале или извршиле“ руската агресија во Украина.

„Без нивната одлука да ја водат оваа агресивна војна против Украина, нема да имаше злосторства што ќе произлезат од неа, како и уништување, смрт и штета“, објави собранието.

На пленарната седница беше одобрена резолуција врз основа на извештајот на швајцарскиот парламентарец Демиен Котие.

Таквиот суд треба да биде „одобрен и поддржан од што е можно повеќе земји и меѓународни организации, а особено од Генералното собрание на Обединетите нации“, се наведува во резолуцијата.

Советот на Европа треба да преземе активна водечка улога и да обезбеди конкретна поддршка, се додава.

Советот на Европа е меѓународна организација со седиште во Стразбур, основана по Втората светска војна за заштита на човековите права, демократијата и владеењето на правото во Европа. Во моментот има 46 земји членки по повлекувањето на Русија од членството во март минатата година.

27.01.2023 - 13:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега