Спасова: Поголема поддршка за земјоделците, 500 милиони денари за интервентниот фонд (ВИДЕО)

 

Со усвоените измени на Законот за земјоделство и рурален развој, дополнително ја зајакнуваме поддршката кон земјоделците, рече на денешната прес-конференција Љубица Спасова од СДСМ.

Таа посочи дека со ова се отстранети  сите пречки и следува исплата на субвенциите кон над 20.000 тутунопроизводители.

„За оваа цел во буџетот веќе се обезбедени една милијарда и 300 милиони денари, односно над 21 милион евра кои ќе завршат кај над 20.000 семејства.

Со измените на Законот ја олеснуваме постапката со цел тутунопроизводителите веднаш да ги добијат субвенциите, а за првпат се воведува авансна исплата на субвенциите.

Преку измените што ги усвоивме, младите фармери ќе добијат 40% аванс за стартап грантовите од 20.000 евра.

Истовремено, се отвора можност за кофинансирање на зелена нафта до 100 отсто за земјоделските стопанства.

Дополнително, преку ребалансот на буџетот кој го утврди Владата, обезбедуваме нови 500 милиони денари во Интервентниот фонд, кажа Спасова и нагласи дека ваквите мерки имаат за цел да го унапредат земјоделството и да го зголемат земјоделското производство во време на светска криза.

01.06.2022 - 12:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега