Спасовски: Има намалување на жртви во сообраќајни несреќи

Има намалување на жртвите во сообраќајните незгоди. Оваа порака ја испрати министерот за внатрешни работи во видео објавено на неговиот Фејсбук профил, од гостувањето во емисијата „Жешко политичко лето“ на Канал 5 ТВ.
 
„Во однос на сообраќајните незгоди, фактот дека минатата година во првите 6 месеци сме имале 58 жртви во сообраќајни незгоди, а оваа година имаме 44 жртви, имаме намалување на тешки телесни повреди, на материјални штети, говори дека основната функција не е за да се прибираат пари во Буџетот, тие пари се минорни ако погледнеме во ставките од Буџетот.
Нашата цел е да го намалиме на најниско можно ниво гинењето на нашите патишта, да имаме безбедност во сообраќајот и од друга страна да се крене јавната свест дека сите заедно треба да се подобриме во овој дел“, се наведува во објавата на министерот Спасовски на социјалната мрежа „Фејсбук“.

06.08.2022 - 16:13

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега