Спасовски: Ќе се намалат казните за сообраќајни прекршоци

Потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски на граѓанската трибина во Кичево најави дека наскоро ќе следува намалување на казните за сите сообраќајни прекршоци.
- Продолжуваме со политиките што обезбедуваат повеќе пари кај граѓаните и помали трошоци. По намалување на казните за правни и физички лица, задоволство ми е што овде во Кичево можам да најавам дека во следниот период ќе поднесеме предлог за измена на законските одредби со  што значително ќе се намалат казните за сите сообраќајни прекршоци, порача Спасовски пред присутните.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 21:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега