Спасовски, Лукаревска, Шркиељ и Марковска од Ѓорче Петров: Покажавме што значи грижа за сите

Синоќа, на граѓанската трибина во скопската општина Ѓорче Петров се обратија носителите на листа во ИЕ 2, Оливер Спасовски и Сања Лукаревска и кандидатките за пратенички од оваа изборна едниница, на коалицијата Можеме, Санела Шкриељ и Даниела Марковска.

Носителот на листа, Спасовски, зборуваше за храбрите одлуки и постигнувањата на нашата држава во изминатите три години со што државата стана членка на НАТО, на чекор е до отворање на преговорите со ЕУ, овозможивме стабилност на политички и безбедносен план, без што нема развој и повика да продолжиме по правиот пат.

„Создадовме држава во која сите сме слободни, владее демократија, никој повеќе не не дели, сите сме едно, затоа што секој е важен. Создадовме држава ценет меѓународен партнер, држава која знае да решава прашања. Денеска заедно со Грција и Бугарија одиме напред, кои се наши лобисти, заедно станавме дел од НАТО, заедно ќе станеме и дел од ЕУ.

Имаме двојно повеќе причини да не им дозволиме да `не вратат назад, во режим и грабеж. Ветуваме дека за 4 години ќе затвориме 80 проценти од поглавјата и во наредните 5-6 години ќе живееме со европски граѓани, европски плати и европски просперитет“  рече Спасовски.

Тој зборуваше и за мерки од Програмата за новиот 4-годишен мандат.

„Се обврзуваме да ги поддржиме пензионерите, оние кои ја градеа оваа држава, кои се вградија во темелот на оваа земја, оние кои ги градеа институциите, да имаат достоинствена старост. Веднаш по формирањето на Владата ќе утврдиме минимална пензијаи сите кои имаат мали пензии од 5.000 денари и нагоре, да имаат најмалку 10.700 денари“ најави Спасовски.

Најави и прочистување на правосудтсвото.

„Се обврзуваме по формирањето на Владата испитување на имотната состојба на сите судии и обвинители. Ќе направиме ревизија на 5 проценти од судските предуди по случаен избор, како суделе, дали државата и граѓаните им биле на прво место или политичките и бизнис интереси. Судија кој не е чесен, ќе мора да бара друга работа. Судија кој држи предмети во фиока мора да биде разрешен. Само така ќе има правда за сите. Сите чесни судии и обвинители повикувам да го поддржат овој процес и да се исчистиме од олошот во институциите“, порача Спасовски.

Носителот на листа во ИЕ 2, Спасовски зборуваше посебно за поддршката на младите во следниот период, преку поддршка од 600 милиони евра за домашните и странските инвестиции и со предвидените една милијарда странски инвестиции, со што ќе се отворат нови работни места за младите и ќе има повисоки плати.  

„И средношколците и студентите добија домашна платежна катричка во здравстено-економската криза. Се грижиме за сите. Посебно се грижиме за младите. Тоа го направивме и со доделувањето ваучери за дообука и квалификација во ИТ вештини, тоа што најмногу е потребно сега во овие услови кога многу од работите мора да се спроведуваат on line, дигитално.  Една од основите во Програмата е нашата земја да ја направиме дигитализирана држава.    

Мораме да излеземе и да гласаме, да додјеме до секој и да му кажеме дека негласањето е глас за враќање на режимот, дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се опасност. На 15 јули масовно на избори, број 3, да кажеме Збогум на режимот, да ги пратиме во историја, нека се обновуваат во нивната партија, а ние ќе грабиме напред, во нови победи за Македонија и за младите“ повика Спасовски на вечерашната граѓанска трибина во скопската општина Ѓорче Петров.

Носителката на листа во ИЕ 2, Сања Лукаревска рече дека градиме мостови, а не пречки и бариери, со соседите, со граѓаните, со младите.

„Да го почитуваме тоа што го постигнавме, го урнисавме режимот и ја вративме слободата. Денес живееме слободно. Да не дозволиме да дојде “обнова“ која сака да `не стави повторно во изолација“, повика Лукаревска, која зборуваше за новата развојна економија во којашто е предвидена посебна поддршка на младите луѓе.

Кандидатката за пратеничка Санела Шкриељ посочи дека градиме праведно и правично општество и држава во којашто не е никој запоставен.

„Покажавме што значи грижа за сите и еднакви услови за раст и развој на секое дете. Денес во нашата земја нема ниту едно дете до 18 години во институција и за тоа ни честитаат сите. Ја застапуваме родовата еднаквост и знам дека за жените и девојките нема дилема дека гласот ќе го дадат за коалицијата Можеме и број 3“, рече Шкриељ.

Кандидатката за пратеничка од ИЕ 2 на коалицијата Можеме, Даниела Марковска, рече дека вистинскиот пат е патот на прогресот, интеграцијата и развојот на економијата и продолжуваме по тој пат.  

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.07.2020 - 08:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа