Спасовски: Не е мое да кажувам дали и понатаму ќе бидам министер

Актуелниот министер за внатрешни работи, Оливер Спасовски утрово од Пробиштип избегна прецизен одговор за тоа дали се гледа во кабинетот на новиот мандатар од редовите на СДСМ Димитар Ковачевски. Вели тоа е негова работа.
„ Тоа не е прашање за мене, тоа е прашање за мандатарот кога ќе одлучува за тоа кои ќе му бидат министри. Така да јас сум посветен да го одработам тоа што треба да го одработам а секако дека мандатарот во моментот кога ќе биде мандатар ќе одлучува за тоа кој и како ќе му бидат кандидати за челните позиции“ – рече Спасовски денеска во Пробиштип.
Димитар Ковачевски вчера дојде на чело на СДСМ и според најавите тој треба да биде новиот мандатар и да ја состави новата Влада по оставката која премиерот Заев ја најави по поразот на локалните избори

13.12.2021 - 13:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега