Спасовски: Новата забрана за движење во викенд е за поголема заштита, остануваат да важат и претходните

 За време на викенд (сабота и недела) за сите граѓани се забранува движењето од 16 часот до 5 часот наредниот ден. Одлуката ја донесе Владата, а на Фејсбук ја соопшти премиерот Оливер Спасовски.

-Владата денеска донесе одлука за дополнителна рестрикција на движењето на населението за време на викенд, со цел уште поголема заштита на населението од ширењето на коронавирисот,  објави Спасовски.

Во сила остануваат и сите други претходно донесени забрани.

Од 22 март е воведен полициски час кој трае од 21 до 5 наутро. Повозрасните од 67 години може да се движат надвор само од 5 до 11 часот, а на младите до 18 години им е дозволено од 12 до 21 часот. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

25.03.2020 - 17:38

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега