Спасовски: Одлуката ја донесовме бидејќи кумановци не ги почитуваа владините препораки

Нема простор за паника, мерката е за викендот и нема потреба дополнително да се изложуваме на ризик со купување во маркетите. За двата дена можеме едноставно да поминеме во изолација.

Ова денеска го истакна техничкиот премиер Оливер Спасовски во гостувањето во Дневникот на Сител.

Вели дека одлуката е однесена врз основа на мислењето на Комисијата за заразни болести. Според него, кога се анализира епидемиолошката карта се доаѓа до констатација дека причината е непочитување на владините мерки за социјална дистанца, а граѓаните не се искрени пред докторите.

-Ова е тешка одлука, рестриктивна одлука. Но неминовно е да се донесе за да го спасиме животот и здравјето на граѓаните. Времето за викенд, кога луѓето се повеќе слободни, остава простор за групирање, за излегување и на тој начин се зголемува просторот за пренос на вирусот, рече Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.04.2020 - 19:25

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега