Спасовски: Полицијата не дозволи да се случи поголем инцидент кај „Скендербег“
Министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски денеска апелираше протестите да бидат мирни и потврди дека вчера имале доволен број на полициски службеници.
„Полицијата спречи инцидент. Погледнете ги видеата кои беа објавени од медиумите и од нас. Еве ја оваа фотографија, зар ова не е некој што интервенира? Не треба да дојде до ова и за да не дојде повторно, мора секој граѓанин да знае дека протестите треба да се мирни. На никого не му е дозволено да вади огнено оружје“, кажа Спасовски.
Спасовски апелираше до граѓаните и политичарите да бидат на мирни протести затоа што насилството нема да даде резултати.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа