Спасовски: Пожарникарите го ставаат сопствениот живот во заштита на животот и имотот на сите граѓани

По повод Денот на пожарникарството во Република Македонија, премиерот Оливер Спасовски на Фејсбук напиша дека ова е ден кога ја изразуваме нашата посебна и длабока благодарност за нивниот придонес за безбедноста на сите нас.

– Овој датум е утврден како ден во чест на пожарникарите на нашата земја во знак на сеќавање на првиот противпожарен одред формиран на овој ден во во 1836 година во Битола. Да бидеме постојано со мислата со нив затоа што секој нов ден пожарникарите го ставаат сопствениот живот во заштита на животот и имотот на сите наши граѓани и на нашата заедница. Да се сетиме дека нашите пожарникари беа во најголем број дел од тимовите од нашата земја што учествуваа во спасувачките акции заради земјотресот во Албанија минатата година и нивниот ангажман никогаш нема да биде заборавен како факт дека секогаш остануваме со подадена рака за поддршка и за нашите соседи, напиша на Фејсбук Спасовски.

Македонските пожарникари, како што истакнува премиерот, се олицетворение на стремежот на нашето општество во чија суштина е спасувањето, помагањето, пожртвованоста солидарноста.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2020 - 15:46

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега