Спасовски: Приоритет на МВР за 2022 година е набавка на возила

Приоритет на МВР за 2022 година е набавка на возила исклучиво за оперативно работење на полицијата, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на неговиот фејбук профил.

Последната голема набавка на возила, потсети, е направена во 2008 година, многу од возилата во МВР се со лоши перформанси, подвлекува, се трошат финансии за поправка, а притоа се намалува и ефикасноста на работењето на полицијата.

– Сакам да потенцирам дека ова се возила неопходни за секојдневната оперативна работа на полициските служби, а не возила за министри, заменици министри, директори или други функционери. Сите постапки се водат така како што е предвидено, а сѐ со цел да обезбедиме тоа што е потребно за ефикасно работење на полицијата, напиша Спасовски на Фејсбук.

17.01.2022 - 15:26

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега