Спасовски: Приведени се четири лица за случајот „Јавна соба“

Уште две лица, вкупно двајца, еден од Битола, двајца од Велес, еден од Штип се приведени во врска со случајот „Јавна соба“, соопшти министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски во изјава за Канал 5 телевизија.

Извори од полицијата велат дека овие четири лица не се единствените кои се идентификувани, туку нивната бројка е многу поголема и во следниот период може да се очекуваат нови апсења.

Спасовски откри дека се бара и главата на оваа група.

-Се работи на откривање и на тој кој ја креирал ваквата група и кои се биле членови. Секој еден кој се наоѓа во групата ќе се истражи и ќе понесе кривична одговорност, истакна Спасовски.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2021 - 15:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега