Спасовски се вклучи во денешната акција за чистење

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска се вклучи во акцијата за чистење на отпадот во околината на административната зграда на Министерството за внатрешни работи и Клиничкиот центар во општина Центар.

– Оваа акција е со цел да ја подигнеме јавната свест кај сите граѓани. Денеска не е само моментот дека ќе го исчистиме целото ѓубре, туку да направиме напори преку вакви акции да ги поттикнеме сите луѓе и да ја испратиме пораката за тоа колку е важно сите да ја штитиме животната средина. Немаме доволно висока јавна свест дека треба заедно да допринесеме кон подобра животна средина, изјави Спасовски.

Во денешната акција се вклучени околу 40 илјади вработени во јавниот сектор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.12.2019 - 12:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега