Спасовски: Со сите сили се бориме против кршење на човековите права

Претседателот на Владата на Република Mакедонија, Оливер Спасовски заедно со владина делегација na .комеморативна aкадемија. Pокрај премиерот Спасовски во владината делегација присуствуваа и заменичката на претседателот на Владата и министерка за одбрана, Радмила Шекеринска, министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев, заменик министерот за надворешни работи, Андреј Жерновски и дополнителната заменик-министерка за труд и социјална политика, Санела Шкријељ.

Премиерот Спасовски истакна дека Холокаустот е најголемото злосторство во современата историја на човештвото кога во логорите на смртта, за време на Втората светска војна, беа погубени над 6 милиони Евреи, и потсети на 7.144 Евреи од Скопје, Битола и Штип кои во март и април 1943 година беа депортирани и убиени во логорот на смртта Треблинка, што претставува трагедија длабоко вкоренета во колективната меморија на нашиот народ.

„Владата на Република Северна Македонија во тесна соработка со Еврејската заедница во Северна Македонија и Меморијалниот центар на Холокаустот на македонските Евреи, посветено работи на сите полиња кои се однесуваат на Холокаустот и, особено, едукацијата како темел за негување на колективната историска меморија за злото и за трајно сеќавање и почит кон жртвите“, нагласи премиерот Спасовски и дополни дека нашата обврска е со сите сили да се бориме против антисемитизмот и сите останати форми на кршење на човековите права.

Премиерот Спасовски посочи дека резултатите што Република Северна Македонија ги остварува на планот на сеќавањето, едукацијата и истражувањето на Холокаустот неодамна беа соодветно вреднувани и во меѓународни рамки.

Тој информираше дека на пленарните состаноци на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА, одржани минатиот декември во Луксембург, беше донесена едногласна одлука за прием на нашата земја како придружна членка, што пак претставува преодна фаза кон полноправно членство во оваа меѓународна организација.

„Бевме помеѓу првите земји кои ја усвоија работната дефиниција на Меѓународната алијанса за сеќавање на Холокаустот – ИХРА за антисемитизмот, а во план е и усвојување на работната дефиниција за негирање и за искривено толкување на Холокаустот, како и превод на македонски и албански јазик на најновите препораки на ИХРА за предавањето и учењето за Холокаустот“, истакна премиерот Спасовски.

Во година кога се одбележуваат три значајни датуми - 75 години од ослободувањето на логорот Аушвиц – Биркенау, 20 години од усвојувањето на Декларацијата од Стокхолмскиот форум и 15 години од усвојувањето на резолуцијата на Генералното собрание на Обединетите нации со која 27 јануари е утврден како Меѓународен ден на сеќавањето на жртвите на Холокаустот – премиерот Спасовски потврди дека трајна определба е никогаш да не се заборават жртвите и преку образованието на младите генерации да се пренесува и зачува споменот за нив.

На комеморативната академија освен премиерот Спасовски се обратија и претседателот на МАНУ, Љупчо Коцарев, претседателката на Еврејската заедница во Република Северна Македонија, Берта Романо-Николиќ, амбасадорката на Кралството Шведска во нашата земја, Кристин Форсгрен Бенгстон и амбасадорот на Република Полска во нашата држава, Војчек Тучински, додека во улога на модератор беше Јован Теговски, националниот координатор и шеф на македонската делегација во ИХРА.

Говорниците едногласно истакнаа дека Холокаустот е најцрната страница во историјата на Европа и дека споменот на жртвите не треба да се дозволи никогаш да се избледи. Воедно тие нагласија и дека борбата против антисемитизмот, ксенофобијата и сите форми на омраза и нетолерација не смее да запре.

Настанот, кој е во организација на Министерството за надворешни работи, ќе биде збогатен и со отворање на изложба на плакати на тема „Сеќавање на Холокаустот – никогаш и никому да не се повтори” изработени од студенти по графички дизајн на соодветните факултети во нашата држава. Изложбата официјално ја отвори амбасадорката на Обединетото кралство, Рејчел Галовеј во изложбениот салон на МАНУ и ќе биде отворена за посетителите во период од една седмица. Идејата комеморативниот настан да биде збогатен со ваква изложба е да се даде можност креативноста на студентите да биде ставена во улога на промотор и чувар на сеќавањата на Холокаустот и неговите жртви, вклучително и 7.144 Евреи од нашата земја.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

27.01.2020 - 12:40

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега