Спасовски вети јакнење на претприемачкиот дух и креативноста кај младите

Носителот на кандидатската листа во Втората изборна единица на коалицијата „Можеме“, Оливер Спасовски попладнево се сретна со млади од Гази Баба пред кои вети јакнење на претприемачкиот дух, иновациите и креативноста кај младите и градење на општество во кое ќе се почитуваат талентите.

– Ве мотивираме да учите, работите и живеете во својата земја со реална поддршка и затоа изборот на коалицијата „Можеме“ на 15 јули е глас за вашата шанса за сигурна европска иднина дома. Во времето на ВМРО-ДПМНЕ, режимот ги крадеше парите на граѓаните и со бесперспективноста ги бркаше младите од државата. Тие времиња не смееме да дозволиме да се вратат. Затоа не смееме да останеме дома на 15 јули. Се носи важна одлука и мора сите да излеземе на гласање и да гласаме за број 3 и за младинската сигурна иднина, рече Спасовски.

Осврнувајќи се на младинските политики, Спасовски посочи дека Оператиниот план за активни програми и мерки за вработување продолжува со рекорден буџет за 2020 година од 1,3 милијарди денари и најави директна поддршка за младинското и женското претприемништво, преку грантови во висина од 5.000 до 15.000 евра.

За проектот „Младинска гаранција“ рече дека земјава е прва држава која не е членка на ЕУ, а го спроведува проектот. Во 2018 година, како што посочи, во проектот биле вклучени 5.266 млади од кои 1.923 се вработени, а лани биле вклучени 20.302 млади од кои 6.036 се вработени. Годинава, заклучно со 30 јуни вклучени се 8.173 лица, од кои 2.431 се вработиле.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

11.07.2020 - 20:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега