Спасовски во Охрид: Единствен кој се радува на грешката на ЕУ е Мицкоски, но нашите реформи се признаени од цела ЕУ

Направивме се за да спроведеме реформи кои се признаени од цела Европа, од целиот демократски свет. Денес со право сме разочарани заради историската грешка на ЕУ, но треба да сме горди што успеавме за кратко време да ги оствариме сите реформи и со право очекуваме дека таа грешка насокоро да биде исправена, посочи потпретседателот Спасовски на трибина во Охрид. 
 
-Единствени кои се радуваат на грешката на ЕУ се Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ. Мицкоски изјави дека е среќен што не блокирале, но истиот ден доби силен шамар токму од претседателот Макрон дека сите земји членки биле за почеток на преговорите, порача Спасовски.  
За две и пол години целосно го реализиравме столбот од програмата кој враќа пари кај граѓаните, ја укинавме радиодифузната такса, ја вративме евтината тарифа на струјата, ја покачивме минималната плата, посочи потпретседателот на СДСМ, Оливер Спасовски на трибина во Охрид. 
 
Спасовски се осврна на трајното решавање на проблемот со стечајните работници за само 2 години од преземањето на одговороноста од страна на СДСМ. 
 
-Ветивме дека ќе го решиме проблемот со стечајците и денес речиси 12.000 стечајци добивата месечен надомест. 11 години ВМРО-ДПМНЕ ги лажеше и профитираше на нивната несреќа, ние за само две и пол години го решивме овој проблем и денес веќе нема стечаен работник кој не е обештетен, рече Спасовски.
За две и пол години отворивме над 54.000 нови работни места. Тоа не значи само намалување на невработеноста, туку тоа се повеќе пари во пензискиот фонд, повеќе пари за социјална заштита, подобрување на животниот стандард за повеќе граѓани, порача потпретседателот на СДСМ Оливер Спасовски 
 
Пред присутните Спасовски истакна дека концептот за раст на платите и намалување на невработеноста е реален и дава резултати.
 
Пред само две години минималната плата беше 9.000 денари, ние прво ја покачивме на 12.000 денари и ја израмнивме во сите сектори. Сега ја зголемуваме на 14.500 денари, а веќе наредната година ќе има ново зголемување, за да дојде до 16.000 денари, онолку колку што ветивме пред граѓаните. Тоа носи раст на платите а просечната плата сега е повисока за околу 2.000 денари за разлика од пред две години, истакна Спасовски.
 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.11.2019 - 21:17

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега