Спасовски: Земјите членки обезбедија безбедни граници со што е можно помалку непријатности за патниците и прекуграничната трговија

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски денеска присуствуваше на презентација на Предлог-националната стратегија за интегрирано гранично управување, која се одржа во просториите на МВР.

-Предлог-Националната стратегија е подготвена во рамките на твининг проектот „Усогласување на националните системи со ЕУ и Шенген барањата во областа на граничното управување“ – ИПА 2016, кој во моментот се спроведува во Министерството за внатрешни работи, информираат од МВР.

Министерот Спасовски вообраќањето истакна дека отворени и безбедни граници е еден од столбовите на кој се потпира Европската Унија.

-Со воведување на Интегрираното гранично управување како концепт за кохерентни и координирани системи за управување со границата, земјите членки обезбедија безбедни граници со што е можно помалку непријатности за патниците и прекуграничната трговија, координација во рамките и помеѓу граничните служби и зајакната меѓународна соработка. Во таа насока од исклучителна важност за Република Северна Македонија е понатамошниот развој, односно усогласување на управувањето со нашите граници со европскиот модел. Сето ова не би било возможно без поддршката што ЕУ ја дава на МВР преку Инструментот за претпристапна помош, за што сум искрено благодарен, рече Спасовски.

30.09.2021 - 13:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега