Спасувачка акција на Пелистер: Планинар скршил нога на терен каде не може да се стигне со возило

 


Утрово планинар при совладување на тежок терен на планината Пелистер ја скршил ногата и не може да се движи, информира директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов.

По добиената пријава за повреден планинар, Дирекцијата за заштита и спасување итно го мобилизира тимот за спасување од планина чии припадници во моментов се движат кон местото каде што се наоѓа повредениот планинар, а кое е оддалечено неколку часа од последната позиција до која може да се стигне со возило, со цел да го имобилизираат, подготват и пренесат до отворено место на кое ќе може да биде преземен од полициски хеликоптер со помош на витло со кое ќе ракуваат специјалци од полициските Тигри.

20.07.2025 - 11:14

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега