Специјалци ги евакуираат луѓето од Филхармонија и МОБ – пријава за подметната бомба

Специјални единици доцна попладнево ги евакуирале зградите на Македонска опера и балет, Филхармонија, како и средното музичко училиште „Илија Николовски – ЛУЈ“. Причината најверојатно е закана за подметната бомба иако Прес24 сѐ уште чека потврда од Министерството за внатрешни работи.

Во центарот на Скопје може да се забележи зголемено присуство на полициски сили со тешко вооружување.

Наскоро повеќе детали.

30.11.2021

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега