Спречен нов терористички напад

Белгиската полиција синоќа уапси шест лица поврзани со нападите во Брисел. Националната телевизија VRT објавува дека државниот обвинител ја потврдил веста за апсењето, но не се даваат повеќе информации.

Исто така и францускиот министер за внатрешни работи истакна дека е уапсен фарнцуски државјанин кој се смета дека е поврзан со мрежата која планирала нови напади во Франција. Со ова апсење е спречен нов терористички напад.

Инаку, во крвавите напади во Брисел загинаа повеќе од 30 лица, а 270 се ранети.

 
 
25.03.2016 - 10:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега