Спречен уште еден масакр во Русија

Уапен е студент на Филолошкиот факултет во рускиот регион Краснојарск, кој планирал убиство на колега, потврди директорот на Истражниот комитет, Александар Бастрикин.

„ Го спречивме нападот во регионот Краснојарск, а студентот кој го планираше злосторството беше приведен“, рече Бастрикин, пренесе ТАСС.

Тој не даде повеќе детали, но потсети дека претходните години биле извршени повеќе од десет напади врз образовни институции во различни руски региони.

Макфакс

24.09.2021 - 14:18

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа