Спремете се за зимска идила - Денеска повторно ќе падне снег

Времето ќе биде променливо облачно, попладне и до крајот на денот со врнежи од дожд кои особено во западните делови ќе бидат пообилни и поројни (над 20 л/м2 за 12 часа). На повисоките планини на северозапад врнежите ќе преминуваат во снег. Ќе дува умерен до засилен, а повремено и силен ветер од јужен правец, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи.

Утринската температура ќе се движи од 3 до 8 степени, а дневната од 13 до 18 степени.

Во Скопје и околината времето ќе биде променливо облачно, а попладне и до крајот на денот ќе има врнежи од дожд. Утринската температура ќе достигне до 4 степени, а дневната до 16 степени

28.11.2021 - 10:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега