Срби отишле во Грција на море, но поради коронавирусот завршиле во болница

Брачен пар од Србија заминал на летување во Грција на островот Евија, а моментално се наоѓаат на лечење во болница поради Ковид 19.

Според тамошните медиуми, тие пристигнале во Грција во саботата со група од 80 лица, а вчера мажот покажал симптоми кои се препишуваат на Ковид 19.

Според зборовите на градоначалничката, во саботата со автобус пристигнале три групи Срби, вкупоно 80 лица кои се сместени на три различни локации.

Членовите на групите се лоцирани од туристичките агенции и нивните претставници во Грција, а сите туристи сега се под надзор, пренесува ТВ Стар.гр.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.07.2020 - 08:31

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа