Србија: 5,1 милијарди евра за помош на граѓаните

Владата на Србија објави програма на пакет со мерки насочени кон намалување на негативните ефекти предизвикани од пандемијата на коронавирус и поддршка на српската економија и зачувување на работните места за време на вонредната состојба. Мерките ќе важат само за оние кои отпуштиле помалку од десет проценти од вработените.

Како што јави допсникот на МИА од Белград, министерот за финсии Синиша Мали кој на прес конференција ги презентираша новите економски мерки, изјави дека најголем терет од кризата го презема државата, и дека мерките се во вредност од 5,1 милијарди евра или 11% од буџетот на Србија.

– Пакетот на мерки на владата се состои во одлагање на плаќањето на доспеаните даночни обврски, директна помош на претпријатијата во приватниот сектор, зачувување на ликвидност на стопанството и помош од 100 евра на сите полнолетни граѓани на Србија – изјави Мали, кој додаде дека платите и пензиите нема да се намалуваат.

Првиот пакет на мерки претпоставува, во најголем дел, одложување на плаќање на даноците и на доприносите на заработка за сите приватни претпријатија најмалку за периот до три месеци, одлагање на плаќање на данок на добивка до вториот квартал на 2020 година и ослободување од плаќање на ДДВ за сите оние кои ќе донираат. Вкупната вредност на овие мерки е околу 1,3 милијарди евра, кажа Мали.

Вториот пакет на мерки е директна помош за сите претприемачи, на микро, малите и средни претпријатија во износ од три минимални плати или на секој вработен во тие претпријатија државата ќе им уплати 759 евра во наредните три месеци.

– Освен оваа мерка, владата ќе даде помош во износ на 50% од платите на оние вработени во големите претпријатија кои добиле решение за престанок на работа – изјави Мали.

Третата мерка е насочена за подршка на ликвидноста, пред се за приватниот сектор за што ќе се издвојат 2,2 милијарди евра преку фондот за развој, субвенциии и евтини кредити, со 1% камата за претприемачите, за микро, малите и средните претпријатија, земјоделски стопанства, кажа Мали кој додаде дека ова ќе биде поткрепено и преку гаратна шема со банките во износ од 2 милијарди евра, кредити зад кои ќе стои државата.

Последна мерка на српската влада ќе биде директната помош на сите полнолетни лица преку уплата на 100 евра, со што ќе се зголеми потрошувачката.

Мали порача дека овие мерки ќе се финансираат од резервите на буџетот, преку домашниот и странски пазар на капитал и во наредните десет дена владата ќе усвои уредба со која ќе овозможи спроведивање мерките.

На прес конференцијата беше кажано дека владата ќе помогне и на оние сектори кои најмногу претрпеле штета од кризата, меѓу кои е и туристичкиот сектор, како и дека ќе се користат и корпоративни обврврзници за финансирање на големите претпријатија.

– Со овој пакет на мерки од 5,1 милијарди евра српската економија во што е можно краток период ќе стане на нозе и ќе продолжи да се развива – оцени Мали, кој додаде дека презентирањето на мерките поради здравствени причини не можел да ги изнесе претседателот Александар Вучиќ, како што беше најавено.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

31.03.2020 - 18:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега