Србија: Додека лекарите се борат за животите на пациентите, крадец ограбувал доктори

Српското Министерство за внатрешни работи уапси 36 годишен маж кој ограбил лекар, додека тој вршел преглед на заболен пациент во својата ординација.

 Настанот се случил во Општата градска болница во Пожаревац, а крадецот влегол во празната ординација и од торбата на лекарот, го украл новчаникот и неговиот мобилен телефон.

Осомничениот бил забележан како краде, и по интервенција на полицијата бил уапсен а парите, платежните картички и мобилниот телефон, му биле вратени на сопственикот.

Против 36 годишниот крадец е подигнато обвинение, и тој во моментов се наоѓа во притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.04.2020 - 21:47

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега