Србија најавува 24-часовен полициски час

Српскиот претседател Александар Вучиќ најави дека од наредната недела можно е воведување целосна забрана за движењето на граѓаните.

Критикувајќи го непочитувањето на владините мерки, Вучиќ најави дека доколку нема промена, ќе предложи до Владата воведување 24-часовен полициски час во период од две недели.

„Ние имаме најстроги мерки во Европа, но нема да се колебаме да воведеме полициски час од 24 часа од следната недела, доколку со сегашните мерки нема подобри резултати“, рече Вучиќ во гостување во телевизијата „Прва“

Тој изјави дека се прават проценки на бројот на новозаболени, бројот на смртни случаи и се анализираат капацитетите на болниците, а откако ќе се чујат ставовите на експертската јавност, вели, ќе ги објави следните чекори.

Претседателот најави дека со 24-часовен полициски час целосно ќе се забрани движењето на граѓаните, затоа што, како што рече, е разочаран од сликата што ја гледа по улиците во Србија.

Доколку се воведе оваа мерка, вели дека ќе биде строго контролирана и дека секој што ќе биде затекнат на улица ќе биде приведен.

„Ова го правиме за нас. Секој има право да биде неодговорен за себе, ама не и за другите“, порача Вучиќ.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 12:39

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега