Србија руши рекорди: Досега аплицирани над 4 милиони вакцините

Србија досега употребила повеќе од четири милиони дози од вакцините против Covid-19, а корона-показателите последните денови се во забележителен пад но стручњаците предупредуваат дека епиемиолошката ситуација и натаму е несигурна.

Според последните официјални податоци, до саботата во 22 часто во Србија се даден вкупно повеќе од 4.01 милиони дози од вакцините, а од тоа 2.279.000 се втората доза, што е повеќе од 42 отсто од ревакционираните во популацијата постара од 18 години.

Статистиката на Градскиот завод за јавно здравје покажува дека во Белград до неделата се вакцинирани 652.101 лице, што е 46,9 отсто од повозрасните од 18 година, а ревакцинирани се 525.791 или 37,8 отсто, што значително продонесува во кампањата за имунизација на државно ниво.

„Се движеме кон целта, а тоа е до крајот на јуни имаме три милион довакцинирани“, изјави за Радио-телевизија на Србија (РТС) државниот секретар во министерството за здравство, др Мирсад Џерлек.

Србија последните неколку дена бележи троцифрени бројки нови зарази и пад на бројот на хоспитализираните, се намалива притисокот врз ковид-центрите, а некои од болницте ги затвораат ковид-одделите, но стручњаците предупредуваат дека епидемиолошката ситауција и натаму е нестабилна и инсистираат на дополнително забрзување на вакцинирањето.

Кризниот штаб во петокот дополнително ги ублажи мерките кои се однесуваат на работењето на услужните дејности, и на организирањето собири со максимално 100 учесници. Премиерката Ана Брнабиќ укаќадека во Србнија, со сегашниот тренд на падот на корона-показатели, од 21-ви мај би можело да биде дозволени колективните настани, како што се свадбите и семејните прослави, со постепено враќање во „состојба на нормалност“ од пред прогласувањето на пандемијата.

Здравствените власти во Србија регистрирале во саботата 18 починати од Covid-19 и уште 705 новозаразени, на билничко лекување се 2.963 паиценти од кои 97 се на респираторите.

 

Од почетокот на пандемијата регистрирани се 705.890 коронаинфекции и 6.664 смртни исходи, со стапка на смртноста од 0,94 отсто.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.05.2021 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега