Србинка била заробена со бебето на железничка станица за време на пукањето во Германија - случајно се нашла среде ужас

Српската државјанка И.С. останала заробена заедно со своето бебе на железничка станица во Хале, која била блокирана поради терористички напад.

Таа требала да тргне со воз за Берлин, а потоа да фати авион за Белград. БВо пукањето пред синагогата во германскиот град Хале убиени се најмалку 2  лица. Полицијата потврдила дека приведен бил и 27-годишниот Стефан Балиет, а затворени биле делови од градот, како и железничката станица на која била 35-годишната Србинка со бебето во раце која планирала да се врати во Србија.

-Дојдов на железничка во Хале, за да фатам воз за Берлин од каде имав лет за Белград. Дојдов таму во околу 1 часот, а минута пред тргнувањето на возот јавија дека железничката станица е затворена поради пукање кое се случило во градот - изјавила за Телеграф И.С. која случајно била во градот, не знаејчи дека обичен ден и рутинско патување ќе се претвори во драма.

-Имав фиксиран датум за враќање во Белград, така што ми рекоа дека картата не важи само за овој лет. Во случај на пропуштање на летот, мора да се купи нов билет. Објаснив дека станува збор за непредвидена околност и дека на тоа никој не може да влијае, но без оглед. По новите правила, доколку имате фиксиран датум и време на билетот, морате исклучиво тогаш да полетате - рекла Белграѓанката која во Германија била во посета на пријателите.

Бебето е добро, а како што информира таа цело време спиело, не било ни свесно што се случува.

Пукањето во Хале се случило во раните попладневни часови, а животот го загубиле 2 лица.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

09.10.2019 - 20:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега