Средба Димитров – Лајчак во Скопје

Актуелните предизвици во регионот на ОБСЕ, процесот на пристапување на  Македонија во НАТО и во Европската Унија, како и динамиката и развојот на македонско-словачките билатерални односи ќе бидат теми на средбата денеска во Скопје на словачкиот министер за надворешни работи и актуелен претседавач со Организацијата за безбедност и соработка во Европа (ОБСЕ), Мирослав Лајчак, со неговиот домаќин, шефот на дипломатијата Никола Димитров.

Како што соопштија од МНР, покрај тет-а-тет средбата, Димитров и Лајчак ќе имаат воведно обраќање на Втората пленарна сесија на Националната конвенција за Европска Унија во Република Северна Македонија, во организација на Европското движење Северна Македонија и Словачкото здружение за надворешна политика. На форумот ќе се дискутира за реформите во неколку поглавја на Европската Унија, вклучително и за поглавјата 23 и 24: Правосудство и основни права и Правда, слобода и безбедност.

Словачкиот шеф на дипломатијата Лајчак, кој се наоѓа во дводневна посета на нашата земја, ќе биде примен и од државниот врв на Република Северна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

19.06.2019 - 07:53

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега