Средба Маричиќ – Матуела: Почетокот на преговорите со ЕУ ќе дадe позитивен импулс во општеството

Министерот за правда Бојан Маричиќ оствари средба со вршителот на должноста директор за Западен Балкан во Генералниот Директорат за соседство и преговори за проширување на Унијата, Микела Матуела, на која се разговараше ЕУ перспективите на земјата и чекорите кои се преземаат во правосудството со цел зацврстување на правната држава.

„Маричиќ на високата гостинка и ги претстави новите закони кои долго време се работеа во Министерството за правда, а се во насока на реформа во правосудството. Дополнително беше објаснет процесот на дигитализација на судовите и нивното опремување со софистицирана информатичка технологија. Во однос на ЕУ интеграциите, Маричиќ кажа дека отворањето на преговорите ќе даде нов силен и позитивен импулс во општеството и додаде дека европските интеграции се високо на агендата на Владата“-се вели во соопштението на надлежните.

На средбата се разговарало и за пописот кој во земјава се спроведува по речиси 20 години. Министерот за правда ја информирал Матуела дека теренското пребројување се одвива во најдобар ред.

Инаку, досега се попишани над 1.100.000 граѓани.

21.09.2021 - 13:03

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега