Средба Мицкоски-Ахмети во обид за формирање на ново парламентарно мнозинство

Претседателот на ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоцски тргна во обид за создавање на ново парламентарно мнозинство, јавува Курир.

Откако Димитар Апасиев, лидерот на Левица, јавно соопшти дека двата пратеници од таа партија ќе ги подржат ВМРО ДПМНЕ за состав на нова влада иако нема да бараат учество во неа, денеска Мицкоски се сретна со лидерот на ДУИ Али Ахмети.

Средбата помеѓу Мицкоски и Али Ахмети траела повеќе од еден час, а се случила во македонското Собрание.

Темата била создавање коалиција за нова влада. Доколку Мицкоски обезбеди поддршка од Левица и од ДУИ, ВМРО ДПМНЕ ќе ги има неопходните 61 пратеници со нивната поддршка, доволно за мандат и за нова влада.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

06.08.2020 - 18:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега