Средба Мицкоски - Сагарц: „ВМРО-ДПМНЕ има заложба за побрз почеток на преговори со ЕУ“

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Христијан Мицкоски заедно со потпретседателот Тимчо Муцунски денеска (10.02.2022) остварија средба со Кристијан Сагарц - Европратеник од Австриската народна партија и известувач во сенка за Македонија во Европскиот Парламент.

На средбата се разговарало за актуелната и политичка ситуација во Македонија, европската перспектива на државата како и ковид пандемијата и енергетската криза.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски информираше за лошата економска состојба во државата која е пред се поради лошото работење на актуелната власт, како и тоа дека власта нема план како да се справи со предизвиците и да ги избави граѓаните од сиромаштијата.

Мицкоски истакна и дека корупцијата и немањето владеење на правото во земјава остануваат големи проблеми, кои се важни во напредокот на државата, а кои власта нема намера да ги решава и посочи дека токму затоа се потребни брзи предвремени парламентарни избори за да може да дојде власт која ќе се справи со предизвиците, информираат од ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение испратено до медиумите.

-Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски ја афирмираше заложбата на ВМРО-ДПМНЕ за побрз почеток на пристапните преговори со ЕУ.

На средбата исто така беше потврдена добрата соработка помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и Австриската народна партија во рамките на Европската народна партија, како и отворената можност за соработка помеѓу македонски и австриски општини во насока на имплементација на проекти од фондови на ЕУ, додаваат од партијата.

10.02.2022 - 22:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега