Средба на претседателот на Уставниот суд Мурати со американската амбасадорка Брнз

 На денешната средба помеѓу претседателот на Уставниот суд на Република Северна Македонија Сали Мурати и амбасадорот на САД во земјава Кејт Мари Брнз, предмет на разговор беа теми кои се однесуваат на остварувањето на уставната функција на Судот, со посебен осврт на заштитата на слободите и правата пред Уставниот суд, како и за унапредувањето на меѓусебната соработка и начините за остварување на истата, соопшти Уставниот суд.
 

Претседателот Мурати ја запознал амбасадорката Брнз со предизвиците со кои се соочува Судот и активностите кои се преземени во периодот по неговото стапување на функцијата претседател на Судот, кои се со цел обезбедување на целосна независност и самостојност како основен предуслов за функционирањето на еден орган кој има задача да ги штити уставноста, законитоста и слободите и правата на граѓаните.

Амбасадорката, забележал, дека само независни институции можат да бидат силни демократски институции во едно општество и во тој контекст ја искажа својата поддршка за идни заеднички активности. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

28.01.2020 - 18:49

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега