Средба Заев-Хан: Северна Македонија покажа дека заслужува датум за почеток на преговори со ЕУ

Претседателот на Владата, Зоран Заев денеска, на маргините на Виенскиот економски форум се сретна со еврокомесарот за поширување и добрососедска политика, Јоханес Хан.                                                                    

На средбата Премиерот Заев го информираше еврокомесарот Хан за последните политички случувања во земјата, односно успешно спроведените претседателски избори, коишто се уште еден доказ дека земјата е стабилна и сигурна и дека со право заслужува да добие датум за преговори со ЕУ ова лето.

Исто така, на средбата Премиерот Заев истакна дека нема друга алтернатива за Република Северна Македонија, освен полноправно членство во ЕУ и во НАТО.

„Отпочнувањето на преговорите за влез во ЕУ, е единствената гаранција дека земајата и натаму ќе биде стабилна, дека ќе води инклузивна политика и дека ќе продолжат реформските процеси во Северна Македонија“, рече меѓу другото Премиерот Заев на состанокот со еврокомесарот Хан.

Еврокомесарот за проширување и добрососедска полтика, Јоханес Хан средбата со Премиерот Заев ја искористи уште еднаш да ја потврди неговата и поддршката на Европската Комисија за Република Северна Македонија на патот кој веќе го оди со големи чекори, патот кон НАТО и ЕУ.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.05.2019 - 15:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега