Средба Заев-Туск: Северна Македонија и граѓаните ги исполнија сите услови за почеток на преговори

Во пријателска атмосфера и во искрен разговор вечерва во Брисел се одвиваше средбата меѓу претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев и претседателот на Европскиот Совет, Доналд Туск.

 На средбата, на која зедоа учество и заменикот на претседателот на Владата на Северна Македонија, Бујар Османи и министерот за надворешни работи, Никола Димитров, се разговараше за актуелните очекувања поврзани со утрешната средба на Европскиот совет.

 

 На средбата беа уште еднаш признаени и потврдени сите успеси што Република Северна Македонија ги постигна во изминатите две и пол години и едногласно беше заклучено дека нашата земја и граѓаните ги исполнија сите услови за донесување одлука за почеток на преговори правејќи храбри чекори и сериозни реформи.

 

 Низ разговорот на средбата во Брисел преовлада заедничкото очекување дека лидерите на земјите членки на ЕУ на утрешното заседание ќе прават напори да дојдат до консензуално решение поврзано со почетокот на преговорите за Северна Македонија.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

16.10.2019 - 21:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега