Средби на Анѓушев со претставници од политичкиот и економскиот живот во САД и меѓународните финансиски институции

Вицепремиерот задолжен за економски прашања Кочо Анѓушев, изминатите два дена учествуваше на Конференцијата на Југоисточна Европа и Источен Медитеран „Нови стратегии – нови перспективи“ која се одржува во Вашингтон во организација на Делфи форумот и весникот „Катимерини“.

Вицепремиерот Анѓушев, заедно со грчкиот министер за развој и инвестиции Адонис Георгиадис и министерот за надворешни работи на Кипар Никос Кристодулидес, учествуваа на панелот „Енергетска безбедност во Источниот Медитеран“, каде дискутираа за тековните проекти и идните предизвици во енергетскот сектор.

– Во рамките на Конференцијата вицепремиерот оствари средби со државниот секретар за трговија во Стејт Департментот, Вилбур Луис Рос, како и специјалниот пратеник на државниот секретар на САД за Западен Балкан и заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија Метју Палмер, како и со поранешниот америакнски амбасадор во Северна Македонија и сегашен помошник секретар за европски и евроазиски прашања Филип Рикер, со кои разговараше за  актуелните политички состојби во земјата како и за економската соработка помеѓу Република Северна Македонија и Соединетите Американски Држави, соопшти кабинетот на вицепремиерот Анѓушев.

По завршувањето на Конференцијата, тој оствари работни состаноци со потпретседателот на групацијата на Светската Банка задолжен за Европа и Централна Азија, Сирил Милер и со потпретседателката на Меѓународната финансиска корпорација (ИФЦ) задолжена за Европа, Централна Азија, Латинска Америка и Карибите, Џорџина Бејкер, со кои разговараше за тековните и идни проекти во Северна Македонија со поддршка на овие две организации. 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

20.11.2019 - 15:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега