Среде пандемија правел прослава со 80 гости- Сопственик на угостителски објект во Гостивар заработи кривична

 

Сопственик на угостителски објект во Гостивар заработи кривична поради организирање на прослава срде пандемиуја.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Гостивар поднесе кривична пријава против Б.Џ. (59) од Гостивар, сопственик на угостителски објект во с.Здуње,гостиварско, поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело „непостапување според здраствените прописи за време на епидемија“.

На 21.11.2020 во угостителски објект во с.Здуње од полициски службеници било констатирано дека се одржувала прослава и биле затекнати околу осумдесетина гости. Пријавениот постапил спротивно на прописите или наредбите за време на епидемија.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

08.01.2021 - 16:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега