Српска докторка за тоа како да не го внесеме вирусот дома: Пред мојата врата имам бришач натопен во вода и варикина

Постојат милион прашања поврзани со коронавирусот кои не интересираат, а на многу од нив српската докторка Ивана Милошевиќ, заменичка директорка на Клиниката за инфективни болести во Белград.

„Водам сметка да не влегувам дома во работите со кои сум била на работа, доколку е тоа можно, секако. Не одам по одделението во капуто, секако постои униформа. Она што го шреземав е пред мојата врата да има бришач и раствор, комбинација од вода и варикина. Доаѓам од болница и не треба така да влезам дома“, рекла докторката во интервју за српска телевизија.

А, колку вирусот може да се задржи на амбалажа? Што да се прави со ќесите донесени од набавка, прашала водителката.

„Се однесувам исто како и претходно. Кога ќе се вратам од продавница, ги ставам чесите на свое место, ги мијам рацете. Нема таа амбалажа да ја ставате во уста. Се и да има вирус на неа, суштината е во хигиенските мерки, но пред се во редовната хигиена на рацете. Ако вирусот се најде на рацете, ние нема да се разболиме ако не го внесеме во рспираторниот тракт или конујуктивитот“, рекла докторката.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

30.03.2020 - 09:21

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега