Српската министерка за правда: Северна Македонија со Морина покажа дека политиката е над правото

Одлуката на Врховниот Суд на Северна Македонија дека не се исполнети условите за екстрадиција на Томор Морина покажаа за жал само уште еднаш дека политиката е над правдата. Ова денеска го изјави српската министерка за правда, Нела Кубуровиќ.

- Ова е голема срамота за меѓународното право, но уште поголема тага и удар за семејствата на жртвите кои со децении чекаат правда за најмилите, рече таа, пренесе српскиот Курир.

Истакнува дека иако биле донесени сите докази, Северна македонија одела и одлучила против фактите.

За потсетување, Основниот кривичен суд – Скопје му определи мерка за претпазливост – привремено одземање на патната исправа и друг документ за преминување на државна граница, на Морина и одлучи дека не треба да е зад решетки.

Одлуката, соопштија од Кривичниот совет при Основниот кривичен суд – Скопје, е донесена по добивање на одлуката на Врховниот суд на РСМ со која се потврдува решението на  првостепениот суд во кое е утврдено дека не се исполенти условите за екстрадиција на Томор Морина во Р.Србија, и постапувајќи по предлог на адвокатот  на притвореното лице за укинување на мерката притвор.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

14.08.2019 - 16:48

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега