Српската пејачка си ја отвори душата: „Џабе ми е шо имам милиони, кога немам деца“

Српската пејачка Бранка Соврлиќ која има 65 години за време на својата кариера стекнала големо богатство, но искрено признава дека жали за тоа што не се остварила како мајка.

Бранка и нејзиниот сопруг поседуваат неколку луксузни станови во Белград и Сараево, како и ресторан, но материјалниот статус не може да им ја надомести тагата поради тоа што немаат деца.

„Паја, односно Садик Пашиќ, мојот сопруг и јас, стекнавме многу. Без лажна скромностт, ние сме милионери, но би сакала да имам многу помалку, а Бог, односно таа виша сила, судбината, да ни подареше деца, односно барем едно дете. Вака некој би рекол џабе ни е се. Едноставно немавме среќа во совршениот брак со многу љубов и разбирање да станеме и родители. Бог изгледа не дава се“, раскажала пејачката.

Бранка, инаку својот сопруг го запознала на еден од своите настапи.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

10.12.2019 - 11:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега