Српската полиција ја пребарува куќата на осомничениот за убиството на Данка


Две противпожарни возила и две полициски возила во моментов се пред куќата на мајката на Дејан Драгијевиќ од Злот, еден од осомничените за убиството на двегодишната Данка Илиќ, јавува репортерот на српски „Блиц“ од местото на настанот.

Како што објавуваат, се претресува просторот помеѓу куќата на осомничениот и неговиот сосед.

Светлана Драгијевиќ, мајката на Дејан Драгијевиќ, осомничен за убиството на Данка Илиќ, им се пожали на новинарите дека полицајците и ја уништиле куќата и го ископале дворот при претресот, пренесе „Блиц“.

– Денеска бев на гробишта, подготвив се за погребот на мојот син Далибор во четврток. Купив и кутија и цвеќиња и се… Во хаос сум, брзата помош пак ќе дојде, рекла таа.

Конкретно се пожалила на полицијата, тврдејќи дека и ја „уништиле куќата“.

-Полицијата ми ја уништи и упропасти куќата, ископа и уништи сè, ми земаа работи од куќата, не ми се верува што ми се случува. Не се чувствувам добро, очекувам да ми дојде адвокатот, изјави Светлана.

Колона полициски возила од Злот се упати кон Бор, а потоа ненадејно застана на мостот Брестова да ја пребара и оваа локација со надеж дека ќе биде пронајдено телото на убиената Данка Илиќ. Полицајците ги опколија двете страни на мостот и не дозволуваат никој да се доближи.

Српската полиција со денови неуморно ги пребарува, посетува и копа сите места во Бањско поле и околината за што поскоро да го најде телото на девојчето.

09.04.2024 - 14:53

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега