Српската старлета на сослушување поради вмешаност во проституција: „Се издржувам од продажба на риба“

Поранешната учесниќка на реални шоуа од Јагодина рекла дека таа и познатиот српски макро Михајло Максимовиќ се запознале во белградски клуб и дека потоа се среќавале и низ град, но дека не соработувале работно.

Милица Живановиќ позната како Мири Оро, е прва јавна позната личност која на повика на Вишото обвинителство во Белград беше вчера сослушана за истрагата која се води против најпознатиот српски макро Михајло Максимовиќ и неговиот брат Душан Миленковиќ.

Како што пишува Курир.рс, старлетата во обвинителството се заджала петнаесет минути и повтрдила дека го познава Максимовиќ, кој од Централниот затвор бил донесен да присуствува на нејзиното сослушување.

На прашањето од судијата од што живее, со оглед на тоа дена не е вработена и дека претходно била приведувана поради вмешаност во проституција, таа одговорила:

-Моите родители имаат рибарница во Јагодина, како и неколку локали - рекла Мими.

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

13.06.2019 - 08:50

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега