Српската Влада донесе одлука за отворање почесен Конзулат на Македонија во Србија

Српската Влада на последната седница донесе Одлука за давање согласност за отворање Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија. Одлуката е објавена во „Службен весник на Република Србија“, јави дописникот на МИА од Белград.

Седиштето на Конзулатот ќе биде во Чајетина.

-Се дава согласност за отворање на Конзулат на Република Северна Македонија во Република Србија, на чело со почесен конзул, со седиште во Чајетина и конзуларна област што ја опфаќа територијата на административната област на Златиборскиот управен округ, се наведува во одлуката на срската Влада.

30.11.2021 - 18:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега