Српскиот актер сам си ја породил сопругата: „Ме молеше да ја спасам“

Видов страв во нејзините очи. На момент помислив „ова не е реално, јас само сонувам“, открива за Курир,рс Вуксан Ровчанин.

Вуксан, кој во моментов живее во Жведска со семејството, е еден од ретките мажи и татковци кои ги породиле своите сопруги. Тој сопругата Натали ја породил дома.

Актерот кој бил дел од екипата за тајниот агент Џејмс Бонд „Спектра“ вели за Курир.рс дека тоа искуство не може да го спореди со ниедна улога.

-Тоа беше луда ноќ. На 25. септември ја добив мојата петта ќерка. Не стигнавме да отидеме до болница, а итната помош не доаѓаше, па јас морав да ја породам сопругата. Не стигнав да се исплашам. Немав време да размислувам. Видов страв во очите на жена ми. Ме гледаше и очекуваше да ја спасам - раскажал актерот.

Мајката и ќерката по породувањето биле сместени во болница, а гордиот татко набрзо станал медиумска ѕвезда.

-Приказната за породувањето брзо се прошири, а нашиот свештеник ми се јави утрината да ми честита. Ме праша за име, а јас му реков дека жена ми одлучи да се вика Теодора. Вели свештеникот: „Ми го зема зборот од уста. Денеска е Света Теодора. Денеска ли одлучивте“, а јас му реков дека одлучивме пред една година. Теодора значи дар од Бога, а таа се роди на Света Теодора и тоа кај мене во раце. Попот ми рече дека дома имам црквено дете и дека тоа ми е дар од Бога - нагласил гордиот татко.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.10.2019 - 23:09

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега