Српскиот епидемиолог Кон: Ова е единствена мерка која е доволна да го намали ширењето на вирусот до 99 отсто

Епидемиологот Предраг Кон рекол дека Србија се наоѓа во неделата на максимумот кога станува збор за зголемувањето на бројот на заразените од коронавирус, односно искоментирал што се може да се очекува после пикот за 4-5 дена.

-Сега сме во неделата на максимумот, тоа е она што може да се процени сега. После оваа недела можеме да очекуваме даека со примена на мерките постапно ќе почувствуваме намалување на бројот на новозаболени. Интензитетот на пренесувањето на вирусот во Белград е во својот максимум од самиот почеток - рекол Кон.

-Најсоновна мерка е користење маски во затворен простор, затоа што целосно го спречува ширењето на вирусот во затворено. Ќе има ограничување на јавните собирања на 100 луѓе во затворени и на 500 луѓе во отворен простор, така е препорачана од Кризниот штаб. Што се однесува до кафулињата ќе работат до 23 часа, така е препорачано од страна на Кризниот штаб. Мерките се орочени на 14 дена и ќе се следи нивниот придонес во намалување на преносот на вирусот и ќе ја следиме ситуацијата - вели Кон.

Денеска, на територијата на Белград ќе биде прогласена вонредна состојба, а прецизирани се и мерките кои белграѓани наредните две недели ќе мора да ги почитуваат.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.07.2020 - 10:34

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа