Српските земјоделци со трактори излегуваат на протест
Земјоделци од шест здруженија во Србија најавија протест за понеделник, 15 септември, напладне, пред зградите на Владата и Собранието на Војводина. Причина за протестот се неисполнетите претходни барања поврзани со гориво, кредити и долгови кон Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИО).
Претседателот на Иницијативата за опстанок на српските земјоделци, Горан Филиповиќ, изјави за агенцијата Бета дека на старите барања се додава и ново – финансиска помош од 300 евра по хектар за сите регистрирани обработливи и овошни насади во системот е-аграр.
„Протестот ќе трае еден ден, но ако државата не ги исполни нашите барања во рок од десет дена, ќе продолжиме со протестите. Ги повикуваме граѓаните да ни дадат поддршка,“ рече Филиповиќ.Тој предупреди дека состојбата во земјоделството е критична, бидејќи сушата уништила од 50 до 100 проценти од родот на пченка, соја, овошје и други култури. Како што додаде, Министерството за земјоделство молчи и не го почитува претходно постигнатиот договор, поради што земјоделците веќе нема да започнуваат нови разговори со институцијата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа