Старец прегазен во Тетово – починал во Скопје

73-годишен пешак тешко повреден во Тетово откако во него удрило возило „рено клио“.

-Вчера во 08.50 часот во СВР Тетово било пријавено дека на бул.„Видое Смилевски Бато“ во Тетово, В.А.(35) од Тетово, управувајќи патничко возило „рено клио“ со тетовски регистарски ознаки, удрил во пешакот Ј.К.(73) од Тетово. Повредениот пешак бил пренесен во Комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје, каде им подлегнал на повредите, велат од МВР

Увид на местото извршила екипа од СВР Тетово.

 

 

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.05.2021 - 12:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега